Стотици демонстранти се вратија на улиците на Истанбул и Анкара по дводневните немири кои резултираа се речиси 1.000 апсења. Откако почна да врне дожд, бројот на демонстранти во текот на ноќта значително се намали, но тие се вратија на улиците утрово, одморени по преспаната ноќ во своите домови.
Мирните демонстранти мавтаа со знамиња во Истанбул на плоштадот Таксим, но имаше извештаи дека полицијата употребила солзавец на Kizilay плоштадот во Анкара.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган рече дека демонстрантите се обидувале да ја поткопаат демократијата.
Протестите започнаа во текот градбата кај паркот во близина на плоштадот Таксим, но се проширија во анти-владини немири. Тие претставуваат први големи анти-владините протести во период од повеќе години.
Светските агенции од Истанбул јавуваат дека на многу граѓани во Турција им е преку глава од Владата, за која веруваат дека сака да им ги одземе личните права и слободи.