Чудото на денот на изборите кое го спомнуваше претседателот на СДП Зоран Милановиќ не се случи: Милан Бадиќ повторно е избран за градоначалник на Загреб. Во вториот круг од локалните избори што се одржаа вчера, Бандиќ убедливо го победи кандидатот на СДП Рајко Остојиќ- Бандиќ со 65,6 проценти наспроти 32,3 проценти на Остојиќ, јавува Јутарњи лист.
Тоа е потврда дека Загреб му го сврте грбот на СДП. Затоа што, не само што Бандиќ денес триумфираше како градоначалник, но сега е под негова контрола, и Градскиот совет.
И тоа без помош на ХДЗ, што значи дека ниту една од двете големи национални партии во главниот град повеќе не може да го запре Бандиќ.
Додека пак во Загреб доживеа изборен пораз и ја загубија власта во метрополата, СДП може да се смета за победник на вториот круг од локалните избори- кандидатите ги освоија трите големи градови во земјата во Сплит, Осиек и Риека.