Надојдените реки предизвикаа хаос во средна Европа. Како што пренесува Би-Би-Си, населението поради „опасно високиот водостој“ е евекуирано на југот на Германија, во Чешка, во Австрија и во Швајцарија.
Еден човек загина во одрон на земјиштето во Австрија, во близина на Салзбург. Двајца се сметаат за исчезнати. Две лица загинаа во Чешка, а уште две се сметаат за исчезнати.
Спасувачките служби и војската со полна пареа работат на спасување на населението во погодените подрачја.
Германските градови Паса и Розенхеим поради поплавите прогласија вонредна состојба.