Манчестер јунајтед е победник на овосезонското издание на англискиот Лига куп. „Црвените ѓаволи“ во финалето на „Вембли“ го совладаа Саутемптон со 3:2 Победата на составот на Жозе Мурињо ја донесе Златан Ибрахимовиќ во 87 минута.
Шведскиот интернационалец погоди и во 19 минута, а во 38 минута во листата на стрелци за клубот од „Олд трафорд“ се запиша и Лингард. Двоен стрелец имаше и во поразената екипа. Габијадини во 45 минута и во 48 минута ја тресеше мрежата на Давод де Хеа, но „светците“ не издржаа да сочуваат 2:2 во завршницата.
За Манчестер јунајтед ова е петти трофеј во Лигата купот, прв по пауза од седум години, и втор во сезоната по победата и во „Комјунити шилд“ во август во минатата година. За Жозе Мурињо, пак, е четврти по трите претходни со Челзи во 2005 година, во 2007 година и во 2015 година.