Филмот „Ла ла Ленд“ е прогласен за најдобар…всушност не, „Месечева светлина“ беше добитникот на Оскар за најдобар филм.
Вака некако течеше 89.издание на Оскарите откако презентерите по грешка го прогласија мјузиклот за најдобро филмско остварување. Откако екипата ја прими наградата, беше објавено дека наградата всушност ја доби филмот „Месечвата светлина“ по што екипата на овој филм се качи на сцената.
Актерката Ема Стоун го доби својот прв Оскар за улогата во романтичниот мјузикл „Ла ла ленд“ додека Кејси Афлек доби признание за најдобар актер по својата улога во „Манчестер на море“.
Режисерот на мјузиклот во кој играат Ема Стоун и Рајан Гослинг, Демиен Шазел стана најмлад добитник на статуетката.
Филмот „Продавачот“ на иранскиот режисер Азгар Фархади доби Оскар за најдобар странски филм, а Фархади одби да присуствува на церемонијата на доделувањето на наградите како протест кон Трамп и неговите забрани за влез на луѓето од седум претежно муслимански земји.
Махершала Али во „Месечева светлина“ и Виола Дејвис во „Огради“ се добитници на машкиот и женскиот Оскар за споредна улога.
Кенет Лонерган го доби признанието за оригиналното сценарио за „Манчестер покрај морето“ додека Бери Џенкинс и Тарел Алвин Мекрејни, „Месечева светлина“ за адаптирано.