„Фудбалскиот клуб Челзи со задоволство го објавува назначувањето на Жозе Мурињо како менаџер на првиот тим“, стои на официјалниот веб сајт на лондонскиот клуб.
Според изјавите на клубот, новиот договор на Мурињо изнесува 4 години.
Челзи под негово раководство два пати беше шампион на Премиер лигата, освои еден ФА Куп и два Лига купови.
Рон Гарлеј, извршниот директор на Челзи изјави: „Среќен сум што Жозе се врати назад во Челзи. Неговиот постојан успех, водство и амбиција направија тој да биде единствениот кандидат“.
Откако го напушти Челзи во 2007 година, 50-годишниот Мурињо својот ангажман го продолжи во Италија со Интер, и во Шпанија со Реал Мадрид, славејќи три лигашки титули, два домашни купови, како и Лигата на Шампионите.
Новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста на прес конференција на 10 јуни.