Асошиејтет прес јавува дека според Здружението на лекарите загинало едно 20-годишно момче, во протестите во Труција, кои траат веќе четврти ден.
Момчето, кое починало во Истанбулската болница, било тешко повредено откако автомобил удрил во толпата.
Веќе неколку дена и млади и стари кампуваат пред паркот сопирајќи ги булдожерите да ги уништат дрвата стари и по сто години. Беа најавени мирни протести, но полицијата врати со насилство и солзавец.
Турската полиција попладнево употреби солзавец против демонстрантите во главниот град Анкара откако повеќе од илјада демонстранти, претежно млади луѓе се доближија до централниот плоштад Казалај скандирајќи „Таип поднеси оставка“.
Германскиот канцелар Ангела Меркел ја повика турската Влада да манифестира воздржаност по четирите дена протести во државата.
Турскиот премиер ги обвини „екстремистичките влијанија“ за нередите кои ја потресоа неговата земја изминативе денови.