Францускиот суд повторно ја одложи одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај во Србија, која пак фо соочува со обвиненија за воени злосторства.
Апелацискиот суд во Колмар одлучи расправата за екстрадицијата да ја одложи за 6.април.
Како што изјавил Харадинај по одложувањето, судот побарал дополнителни информации од Србија.
Харадинај, кој е лидер на Алијанса за иднината на Косово го повтори својот став дека неговиот случај е креиран од политички причини.
Хашкиот трибунал досега двапати го ослободуваше Харадинај, од обвиненијата што го товареа за воени злосторства извршени за време на конфликтот во Косово, 1998-1999, но српските власти тврдат дека имаат нови докази за различни кривични дела за кои досега Харадинај не бил обвинет.
Харадинај е осомничен за убиство на цивили, вклучувајќи и убиство на бебе старо само две недели, како и за тортура и силување на малолетни лица.




