Превирања се случуваат во „Макпетрол“. Дел од акционерите ја овластија адвокатската фирма „Менс Легис“ да ги застапува на акционерското собрание, кое се одржа во саботата во Струга, како резултат на протест од работата на актуелниот менаџерски тим.
Љубица Рубин од „Менс Легис“ вели дека „Макпетрол“ е управуван од менаџери кои не се акционери во компанијата, туку дека се акционери во „Оилко“, компанија која е во сопственост на 58 директори во „Макпетрол“.
Овие настани се случуваат и заради интерес на странски инвеститор да влезе во „Макпетрол“, но како што вели Рубин тоа нема да се случи додека не се направи надворешна ревизија на работењето на компанијата и додека не се расчистат состојбите во управувањето.