По победата на Западното финале против Мемфис Гризлис со 4:0, Сан Антонио Спарс го доби својот противник во големото НБА финале, тимот на ЛеБрон Џејмс – Мајами Хит.
Сан Антонио Спарс, по цели девет дена одмор по нивната победа на 27 мај над Мемфис, ќе се обиде да ги симне од тронот минатогодишните шампиони на Мајами во натпреварот број 1 на 6 јуни.
Финалната рунда ќе биде трето директно патување на бранителот на титулата, Хит, кон финалето, додека учеството на Спарс ќе биде четврто во ерата на Тим Данкан.
Пред две години Мајами загуби од Далас, а минатата сезона ја совладаа Оклахома. Сан Антонио немаат пораз во четирите настапи во големото финале.