Published: Friday, March 3, 2017 21:42
Не се мешаме во внатрешните работи на никого, но Уставот не обврзува да ги заштитуваме Албанците, порача албанскиот претседател, Бујар Нишани во интервју за тиранската телевизија Ора њус.
„Албанија е заинтересирана, придонесувала и придонесува за стабилноста на Македонија, за развојот и зацврстувањето на меѓусоседските односи со Македонија. Постои димензија многу позначајна во оваа посветеност на Албанија поради фактот дека Албанците се државотворен фактор во Македонија“, рече албанскиот претседател.
Според него, Албанија има уставна одговорност да ги поддржува и да се интересира за правата и слободите на Албанците, без разлика каде тие живеат.




