Самохраната мајка Светлана Јелиќ од Подгорица го продава својот бубрег за да го врати кредитот од 40.000 евра, кој го подигнал нејзиниот маж.
„Немам друг излез освен да го пордадам бубрегот и да го вратам долгот. Се надевам дека ќе најдам купувач, затоа што во овие времиња полесно е да продадеш дел од телото отколку стан“, изјавила Јелиќ за Дневни новини.
Таа се решила на ваков потег откако од Агенцијата за наплата на долгови на банките ја известиле дека мора да се отсели од станот во населбата Забјело, во Подгорица.
Јелиќ во телефонски разговор со директорот на банката побарала како самохрана мајка да добие пролонгирање на рокот за наплата на кредитот, но не добила позитивен одговор.
Предходно кредитот го подигнал нејзиниот поранешен маж во договор со неа, а станот се уште е на негово име.