ОН предупредија дека наводната употреба на хемиско оружје во ирачкиот град Мосул претставува кршење на меѓународното хуманитарно право и воено злосторство.
-Ова е страшно. Никогаш нема оправдување за употреба на хемиско оружје, изјави Лиза Гранде, координатор за хуманитарна права во Ирак.
Ирачките сили ја зазедоа источната страна Мосул во јануари по 100 дена борби и извршија напад на областа западно од реката Тигар на 19 февруари. Источната страна на градот остана на домет на екстремистичките ракети и минофрлачките гранати.
Дванаесет лица меѓу кои има жени и деца се на лечење поради можна изложеност на дејство на хемиско оружје во Мосул, каде исламската држава дава отпор на офанзивата на ирачките сили со поддршка од САД, соопштија денеска ОН.
Светската здравствена организација заедно со партнерите и локалните здравствени власти го активира итниот план за лечење на мажи, жени и деца за кои постои можност дека биле изложени на токсични хемикалии, соопшти организацијата.
Сите 12 пациенти се примени на 1 март поради лечење на кое се подложени во Ербил, главниот град на курдскиот регион во Ирак, источно од Мосул. Четворица покажуваат сериозни знаци поврзани со изложеност на агенсот кој предизвикува плускавци на кожата. Пациентите биле изложени на хемиски агенси на источната страна на Мосул, се вели во соопштението.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст вчера соопшти дека пет деца и две жени се на лечење поради изложеност на хемиски агенси. Во соопштението не с епрецизира која страна го користела агенсот кој предизвикува плускавци, црвенило на очите, иритации, повраќање и кашлање.




