Добитник на наградата “Андреја Дамјанов“ за 2013 г., како признание за животно
дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и
градителството е д-р. проф. Михаил Токарев.
Ова е одлуката на петчлената Комисија за додела на наградата за 2013 донесена според Статут на ААМ и Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“.
Во образложението на Комисијата се вели:
Пензионираниот редовен професор Михаил Токарев, практично целиот работен век го
поминува во Архитектонскиот факултет во Скопје, поминувајќи ги сите скалила од
асистент до пензиониран редовен професор.
– Неговиот личен капитален и издавачки проект „100 години модерна архитектура” во три
тома, отпечатен на врвно техничко ниво;
– Бројните проект – елаборати од широката сфера на заштитата и ревитализација на
нашето недвижно културно наследство;
– Издавачки проекти, реализирани за потребата од неговата стручно-научна и педагошка
дејност;
– Учество со свој авторски текст, во макро – проектот на МАНУ, Историја на културата на
Македонија во книгата 14 – „Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX
до крајот на XX век“;
– Монографски издавачки проект, преку издавачот „Табернакул”;
– Учество во бројни проекти од областа на проектирањето и урбанистичкото планирање,
како автор и коавтор;
– Успешно учество во бројни јавни и анонимни архитектонски урбанистички конкурси;
– На десетици и стотици текстуални прилози од актуелните архитектонски мигови,
наследството и заштитата, на врвно професионално ниво.




