И Мега Лекс се стави во редот на екипи што му земаа мерка на некомплетниот МЗТ Скопје во оваа сезона. Српскиот клуб го совлада македонскиот шампион со 87:72 во седмото коло во АБА лигата. Чанчар беше најефикасен во тимот од Сремска Митровица со 23 коша, Каба забележа дабл-дабл учинок (12 поени, 18 скока), Скот, пак, постигнаа 22 за „металците“ кои остануваат само на триумфот на Карпош Соколи од деветте настапи во двете натпреварувања во кои се активни во моментот.
„Заслужена победа на Мега. Одигра агресивно во одбрана, а ние бевме без првиот и единствен плејмејкер. Се обидовме со преземање одговорност од другите играчи, но не успеавме. Загубивме и 25 топки што е премногу за еден меч, не го затворивме рекетот. Каба беше особено расположен во офанзивните скокови. Ги имаше 11 или вкупно 18 и осигура лесни поени за својата екипа. е надевам дека ќе бидеме комплетни за следниот натпревар“, рече Александар Јончевски.
МЗТ Скопје веќе во среда го очекува нов меѓународен предизвик и гостување кај Нижни Новгород во ФИБА Еврокупот.