Кларк, Темс, Скот и Диабате. Тоа е четворката кошаркари кои го предводеа МЗТ Скопје до втор триумф во АБА лигата и втор воопшто во сезоната со голем пресврт во финишот на средбата со Унион Олимпија во СЦ „Јане Сандански“. Македонскиот првак беше во негатива од 15 поени (77:92) на 6,25 минути до крајот, на крајот, сепак, успеа да слави со 97:96 (19:33, 31:23, 22:24, 25:16) во осмото коло на регионалното натпреварување. Конечниот резултат го постави Мекиќ од линијата за слободни фрлања.
Британскиот репрезентативец Даниел Кларк беше најефикасен на натпреварот со 22 коша, Џош Скот забележа дабл-дабл (18 поени, 11 скока), Темс уфрли 19, а дебитантот Диабате 13. Цела петорка играчи на гостите од Љубљана реализира двоцифрен број поени. Најмногу меѓу нив даде Мулалиќ (19), па Јанковиќ (15), Оливер (14), Џеферсон (13) и Хроват (12).
МЗТ Скопје во наредното коло ќе игра со Крка во Ново Место. Во меѓуреме, во среда, ќе биде домаќин на Гран Канарија во Еврокупот на ФИБА.