Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АБА лига: МЗТ Скопје со пораз ја заврши најслабата сезона на Јадранот

0
By Нова ТВ on March 13, 2017 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МЗТ Скопје ја одигра најслабата сезона во кошаркарската АБА лига. Македонскиот првак заврши како претпоследен, 13., на табелата како и во натпреварувачката 2014/15, но овојпат финишира со биланс од 8 победи и 18 порази како и екипата на Крка и опстана благодарение на подобриот скор во меѓусебните дуели.

„Металците“ загубија од Морнар, во Скопје, со 63:69 (по четвртини: 16:18, 15:17, 10:21, 22:13) во последниот меч без никакво значење за двата тима. Ако по двата воведни периода беше присутна неизвесност за победникот, тоа не беше случај по третиот. На четирите разлика од првото полувреме, гостите од Бар додадоа уште 11 и во завршните 10 минути влегоа со +15, а во нив, во еден момент, имаа и +17.

Фото: aba-liga.com

Иако МЗТ Скопје се доближи на -2 на минута до крајот (63:65), сепак, црногорскиот претставник покажа дека ја има контролата и со кошевите на Антабија Волер и Борис Бакиќ стигна до десетта победа во дебитантското учество во регионалното натпреварување. Тимот на Анте Назор и во последното коло одигра со премногу грешки, загуби дури 19 топки во што и лежи клучот за 18 пораз во сезоната.

„Покажавме две лица. Едно како треба да играме и друго како не треба. Одигравме и доста деконцентрирано, загубивме 19 топки што е навистина премногу. Останува да извлечеме поуки и мора да бидеме поконкретни и борбени од почеток до крај“, порача Анте Назор, тренер на МЗТ Скопје.

Ѓорѓе Дреновац со 21 поен беше најефикасен поединец на средбата. Сите останати во ростерот на МЗТ Скопје не успеаја до двоцифрен број кошеви. Такви ги имаше четворица на спротивната страна. Џонс уфрли 20, Бакиќ – 15 и беше прогласен за МВП на натпреварот, Волер – 12 и Радуновиќ – 10.

„Посакувавме со победа да ја завршиме сезоната во АБА лигата, но не успеавме. Почнавме некако во грч и доцна заигравме како што треба кога противникот веќе имаше недостижна предност. Сега треба да се насочиме кон домашното првенство во обид да ја одбраниме шампионската титула“, истакна Љубомир Младеновски по средбата.

МЗТ Скопје по петти пати беше дел од АБА конкуренција. Покрај освоеното 13 место во теовната сезона и во 2014/15, „металците“ заврши како седми во премиерната (2012/13), беа деветти во 2013/14 и десетти во 2015/16.

Покрај бледите изданија во јадранското кошаркарско друштво, МЗТ Скопје беше елиминиран и во полуфиналето во Купот на Македонија, па шампионатот останува единствен излез за спас на сезоната.

АБА лига кошарка МЗТ Скопје Морнар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.