Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ се покажа корисна иницијатива, може да ја искористи и Црна Гора

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Црногорскиот премиер во друштво на македонскиот колега Ковачевски и претседателот на Србија Вучиќ, на септемврскиот саем во Белград во организација на „Отворен Балкан“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се што и помага на регионалната соработка за нас е прифатливо, рече црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, прашан дали земјата ќе се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Нема главата да не боли повеќе ако има повеќе соработка во регионот. Главата може да не боли само ако имаме помалку соработка во регионот. Оваа иницијатива може сериозно да ја зголеми соработката во регионот и Црна Гора е тука, како што е и во Јадранската повелба и многу други, над 72, регионални иницијативи“, рече Абазовиќ.
Според него, се што е во насока на намалување на тензиите во регионот, со акцент на европската перспектива, економскиот прогрес и укинување на бариерите и оди во прилог на Црна Гора.
„Дали оваа иницијатива е инклузивна? Да, инклузивна е се додека постои покана за сите земји од Западен Балкан. Самата договор за иницијативата е таков што, доколку некоја земја има некакво сомневање, не мора да се потпише на одреден регионален договор, може да почека или пак воопшто тоа да не го направи“, истакна тој.

„Отворен Балкан“ нема никаков основачки акт. Мене ми е жал што опозицијата мобилизира околу ова прашање си тие постојано ја менуваат комуникациската стратегија за напад на владата. Но, овде нема основачки акт, па ние да
потпишуваме не знам си каков специјален договор, па да не можеме да излеземе без некакви последици“, порача црногорскиот премиер.

Тој додаде дека „Отворен Балкан“ не е НАТО Алијансата, ниту Европска унија, туку е израз на добра волја на оние кои сакаат со соседите да градат заедничка иднина околу одредени теми. Тоа е збир на билатерални договори, како што е зелената лента на граничните премини, признавање дипломи, кратење на административни рестрикции и олеснување….“, нагласи Абазовиќ истакнувајќи дека ја поддржува иницијативата.

„Мислам дека таа иницијатива е многу корисна за Црна Гора и жал ми е што луѓето, во недостиг на информации, се обидуваат да им веруваат на некои што
имаат други намери, а тие намери се регионот да не соработува и да остане во прегратките на 90-тите години. Јас таква намера немам“, рече Абазовиќ.

Дритан Абазовиќ отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.