Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аболицијата на Иванов ги штити потенцијалните сведоци на СЈО

1
By Нова ТВ on June 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2016 12:42

Смислена стратегија која треба да ги заштити евентуалните сведоци против големите играчи во аферите кои излегоа на површина со „бомбите“. Вака ја коментираат правниците одлуката на Иванов за повлекување на аболицијата само за политичарите, а не и за останатите.

Прочитајте ја анализата на албански јазик на следниот линк.

Заштита на „малите риби“ кои може да сведочат против големите во случаите кои ги води Специјалното јавно обвинителство. Ова е оценката на правните експерти кои ги контактиравме за последната одлука на претседателот Ѓорѓе Иванов со која тој ја повлече аболицијата само за 22 политички експонирани лица.

Според професорот Димитар Апасиев, Собранието не може да донесе закон и да додаде член кој не постои, како членот 11, кој е укинат во 2009-тата година и нема можност на непостоечки член да му се додаде дополнителен член 11а, како што тоа го направи законодавниот дом.

Фото: Фокус

„Овој член му дава право на Иванов или сам да ги поништи да ги поништи аболициите, или да ги поништи по нивно барање, но без тој да цени. Тој потоа го искористи само за 22 лица, што е намерно смислена стратегија, бидејќи не постои судија кој ќе го осуди Груевски, а за овие другиве помалите играчи да се почувствуваат заштитени и да не сведочат против големите риби“, вели Апасиев.

Според него, без оглед на тоа што се аболирани, овие лица можат и мораат да бидат сведоци доколку Специјалното јавно обвинителство процени дека треба да ги викнат да сведочат во конкретен предмет.

Правниците велат дека со последната одлука делумно да ја повлече аболицијата, Иванов направил дополнителна правна мешаница.

Универзитетскиот професор Бајрам Положани, вели дека немаше да има последици доколку во рок од една недела Иванов ги поништеше неодржливите одлуки.

Фото: Шења

„Но тој тоа го направи по притисокот на меѓународната заедница. Сепак, и оваа одлука ја донесе на селективен начин со што создаде голема мешаница во судскиот процес. Сега треба да се реактуелизираат судските постапки за аболицијата што во пракса создава големи потешкотии“, вели Положани.

Според него, созреани се условите за одговорност на Претседателот Иванов, што подразбира негов импичмент. Со носењето одлуки врз основа на непостоечки член (11), Иванов донел одлука за делумно повлекување и продолжил да влегува од грешка во грешка, со што неговата одговорност е јасна, потенцира тој.

„Немаше основа за првите помилувања, бидејќи Уставниот Суд нема основа да врати на сила член кој бил поништен од Собранието. Уставниот Суд може да расправа само за законите кои се на сила; дали се во согласност со Уставот, а не за закони кои се поништени. Членот 11 на кој се повикува Иванов е укинат. Не е во надлежност на Уставниот Суд да оценува нешта кои не постојат“, вели Положани.

Професорката Беса Арифи вели дека тоа што Иванов донесе одлука за делумно повлекување на помилувањата, потврдува уште еднаш дека менувањето на законот кој му овозможи да ги повлече помилувањата без соодветна процедура, претставува грешен чекор и без законска основа.

besaarifi-777x437

„Институтот кој му овозможува на претседателот да донесе одлука за помилување не претставува институт кој може да се отповика и тоа не е случајно така. Затоа помилувањата требаше да се прогласат за неважечки и истите да се повлечат поради непостоењето на институт на помилување без соодветна процедура која се уредува со Член 11“, вели Арифи.

Според неа, со законот за дополнување, се создава нов и многу опасен преседан кој не само што не овозможува крај на селективната правда, туку уште полошо, му дава арбитрарна  можност на Претседателот да се однесува како што сака и без никакви ограничувања да прави што сака со помилувањата.

„Тој може кого сака да помилува, за кого сака да го повлече помилувањето, а на кого сака да не му го повлече. Право кое го искористи во пракса. Ова е правно неприфатлива состојба и ниту малку соодветна за држава која сака да се нарекува демократска и современа. И доколку во иднина ги повлече сите останати помилувања, проблем е тоа што тој повторно ќе може да донесе нови одлуки за помилување и секогаш да се бара такво правно решение со кое ќе се обезбеди можност за помилување на арбитрарен и селективен начин“, вели Арифи.

На списокот на лицата за кои аболицијата е повлечена се наоѓаат лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев,  поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, екс дирекорот на УБК Сашо Мијалков и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Тука се и имињата на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, советникот во Владата, Мартин Протоѓер, членот на ДИК Бедредин Ибраими, како и функционерите од локалната власт Коце Трајановски, Ирена Мишева, Тони Трајковски, Владимир Талевски и Владимир Тодоровиќ,  директорот на затворот Идризово Живко Пејковски, високиот функционер во МВР Тони Јакимовски, членот на општинската изборна комисија во Чаир Исмет Гури, екс разузнавачот Зоран Верушевски и Бранко Палифров, обвинети во случајот Пуч.

Според Иванов, останатите 33 лица можат да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

Кристина Озимец

Џенис Сулимани

Сторијата е изработена во соработка помеѓу НОВА ТВ и Порталб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.