Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АД „Пошта на Северна Македонија“ повика на дијалог за изнаоѓање решение

0
By Ivana on April 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 20:13

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, како Национален поштенски оператор, кој ја обезбедува универзалната услуга, која е од јавен интерес, на целата територија на Република Северна Македонија, врз основа на издадена Индивидуална дозвола од Агенцијата за пошти, како независно регулаторно тело, Ве информира за следното:

По најавениот штрајк од страна на двете синдикални организации, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје согласно позитивите законски прописи на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за започнување на постапка за мирно решавање на работниот спор.

Во очекување на спроведување на постапката за помирување, во законски утврдениот рок, кое е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, доколку синдикалните организации се одлучат да стапат во штрајк, сакаме да информираме дека АД „Пошта на Северна Македонија“ ќе обезбеди целосно почитување на член 49 од Законот за поштенските услуги, согласно кој сме должни да обезбедиме прием, пренос, сортирање и дистрибуција на поштенските пратки, што се користат во судски постапки, административни постапки, постапки во врска со прекршоци и препорачани поштенски пратки, пренос, сортирање и дистрибуција на препорачани поштенски пратки за потребите на одбраната и безбедноста, како и препорачани пратки и пратки со означена вредност што се собрани пред почетокот на штрајкот.

Во контекст на горенаведеното Управниот обор на АД „Пошта на Северна Македонија“ се обрати до независното регулаторно тело кое е надлежно за регулирање на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, со цел обезбедување на мислење за видовите на услуги и пратки кои давателот на универзална услуга е должен да ги обезбедува за времетраење на штрајк.

Согласно добиеното мислење од Агенцијата за пошти, препорачано е во домашниот и меѓународниот поштенски сообраќај да се обезбеди извршување на услугите од почеток до крај, во сите фази (прием, пренос, сортирање и дистрибуција) и горенаведениот член од Законот за поштенските услуги, да се чита екстензивно во корист на корисниците на услугите од опфатот на универзалната услуга и основните функции на државата.

Управниот одбор на АД Пошта на Северна Македонија ќе ги вложи сите напори да се обезбедат сите неопходни технолошки фази од процесот на работа, имајќи предвид дека обезбедувањето на универзаната услуга, согласно Законот за поштенските услуги, е од јавен интерес.

Дополнително, сметаме дека е важно да Ве информираме дека Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, во досегашната комуникација со двете синдикални организации во взаемен интерес е во фаза на исполнување на сите доставени барања од нивна страна.

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје:

Го почитува правото на штрајк како уставна категорија и загарантирано право, доколку истиот се спроведува согласно законската регулатива за штрајк, но укажува дека истиот ќе нанесе огромни штети на граѓаните, Друштвото и на вработените.

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје е свесен за тешката економска ситуација во државата, а со тоа и на вработените, кои за жал 30 години не добиле повисоки плати, и во таа насока максимално се залага за изнаоѓање на одржливо решение, со цел целосна имплементација на барањата на двете синдикални организации за линеарно зголемување на платата на вработените, во периодот кој претстои.

Во таа насока Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, ќе го почитува законското решение за усогласување на платите согласно законската регулатива која ја уредува оваа област.

Сакаме уште еднаш, јавно да ги повикаме претставниците на двете синдикални организации на АД „Пошта на Северна Македонија“, да се одлучат за дијалог, со цел наоѓање заедничко решение за линеарно зголемување на платите, согласно финансиските можности на Друштвото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.