Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адем Чучуљ – биографија на новиот Претседател на ДКСК

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 3, 2025 16:38

На интервјуто, Чучуљ не бил директно прашан за неговата соработка со Димитровска и само оценил дека Комисијата „работела, но не го претставувала доволно сработеното“.

Адем Чучуљ е дипломиран правник од Скопје и повеќе од деветнаесет години работи во службите на Антикорупциската комисија. На старите списоци на вработени се појавува како „советник за спречување на корупција во политиката“, а во поновите документи и на официјалната веб-страница на ДКСК е наведен како генерален секретар и прво контакт-лице за медиумите.

Тоа значи дека неговата кариера течела од експерт за политичка корупција, до човек што го води секретаријатот и административната машина на Комисијата.

Во своето интервју пред Комисијата за селекција, Чучуљ изјавил дека Антикорупциската ја чувствува како „свој дом“ и дека одржува контакти со речиси сите членови на петте досегашни мандати на Комисијата.

Дел од тој континуитет е и фактот што тој беше генерален секретар и во мандатот на Татјана Димитровска – поранешната претседателка која поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“, каде меѓу друго се товари за оддавање службена тајна и местење безбедносен тест.

На интервјуто, Чучуљ не бил директно прашан за неговата соработка со Димитровска и само оценил дека Комисијата „работела, но не го претставувала доволно сработеното“.

Во програмските настапи и во јавните документи каде се појавува како контакт-лице од ДКСК, Чучуљ е поврзан со темите превенција, имотни листови и регистри на функционери. Медиумите напишале декае тој се залагал за повеќе превентивни антикорупциски мерки, за дополнување на регистрите со податоци за имотната состојба на функционерите и за набавка и одржување на специјализиран софтвер што државата сè уште не го финансира систематски.

Слично, во документите на Отворено владино партнерство (OGP) неговото име стои зад обврските за систематско доставување и контролирање на изјавите за имотната состојба.

Кариерата на Чучуљ во ДКСК не се ограничува само на кабинетска работа. На повеќе фотографии и објави на официјалниот Facebook-профил на Комисијата, тој се појавува како предавач на обуки за корупција и судир на интереси за јавни функционери, како делегациски член на средби со странски амбасадори и партнери од Шведска и Швајцарија, но и како домаќин на работни состаноци со меѓународни организации.

Тоа го позиционира како човек кој не само што ја знае внатрешната администрација, туку е лице на ДКСК и кон институциите и кон донаторите.

Адем Чучуљ, многугодишниот генералeн секретар, од денеска се сели од вториот ред на сцената во првиот ред, како ново лице на институцијата задолжена да ја чува државата од корупцијата и судирот на интереси.

Каков ќе биде тој пресврт – континуитет со познатите практики или обид за нов почеток од внатре – ќе стане јасно кога Собранието ќе го потврди или одбие човекот кој Антикорупциската ја нарекува свој дом.

 

адем биографија чучуљ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.