Published: Thursday, February 19, 2015 19:41
Министерот за образование Абдулаким Адеми, заменик-министерот Спиро Ристовски и министерот за финансии Зоран Ставрески штотуку ја напуштија салата на Ректоратот во која се одвиваше дебатата околу Законот за високо образование, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.
– Се што треба да се каже, ќе каже Ректорот, кратко рекоа Ставрески и Адеми напуштајќи го Ректоратот на УКИМ.
Во салата каде што се одвиваше дебатата во моментов се ректорот Велимир Стојковски заедно со професорите и студентите и претставниците на СПУКМ, и вети дека за кратко ќе даде изјава.
Дебатата траеше повеќе од 3 часа, се уште не се знае исходот.




