Published: Sunday, April 20, 2025 10:14
Вселенското летало „Сојуз МС-26“ со руските космонаути Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит, се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Неговото деорбитирање и спуштање на Земјата беа нормални, се вели во објавата на агенцијата на апликацијата за пораки Телеграм. Се додава дека леталото слетало во Казахстан.



