Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатите на Палчо со докази дека тој бил во банка, а не на местото на убиството во критичниот период

0
By Marija Todorovska on March 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбраната на Љупчо Палевски  денеска во Основен кривичен суд Скопје презентираа материјални докази, вклучувајќи уплатница од банка од 27 ноември 2023 година со која тврдат дека во критичниот период Палевски не бил на местото на убиството на Вања Ѓорчевска.

Адвокатите наведоа дека барале запис од надзорните камери на Халк Банка за истиот период за да утврдат кога Палевски влегол во банката. Според нив, Палевски двапати се враќал во банката во експозитурата Буњаковец на Партизански одреди поради уплатницата, а доставената уплатница покажува дека трансакцијата е направена во 11:40 часот.

– Не би ја барале таа снимка ако не направи разлика. Значи едно е кога е извршена уплатата, а друго е дали претходно Палевски бил внатре и чекал ред со посочениот сведок. Тоа сакаме да го докажеме, дека Палевски претходно бил и чекал некаде повеќе од 20 минути или 40, не знам сега точно да ви потврдам, меѓутоа снимките тоа ќе го утврдат дека Палевски бил таму. Како што кажав не може на две места да биде истиот во исто време, изјави адвокатот Јовица Страшевски.

Обвинителката приговори на овој доказ тврдејќи дека критичното време на уплатницата не е релевантно за случајот, бидејќи видео снимки од Сејф сити покажуваат дека возилото на Палевски се вратило во седиштето на партијата Десна во 10 часот, а уплатницата е од 11:44 часот.

Судот го прифати предлогот да ја прибави како доказ снимката од Халк банка за периодот од 9 до 12 часот.
Одбраната на Палевски денеска поднесе предлог до судот да ги утврди базните станици на неговиот телефонски број, тврдејќи дека е невозможно обвинителството да нема информации за базните станици за него во овој период.

-И сега го тврдиме истото дека од оние докази кои ги достави Обвинителството до нас, ЦД и УСБ материјалите не постои за Љупчо Палевски, за наведениот број, не постои ниедна базна станица. Невозможно е за сите други да има базни станици во тој период, само за Палевски да нема. Не знам зошто тоа го крие Обвинителството и зошто се противи на наше барање ние да бараме од Телеком судот да го обезбеди овој доказ и да ги спротивставиме доказите, рече Страшевски.

Судот го одби предлогот, посочувајќи дека нема доказ дека обвинетиот го носел телефонот со себе.

Судот, исто така, го одби барањето да се утврди дали е одземено оружје од обвинетиот Боре Видевски, наведувајќи дека на оваа околност веќе се собрани докази.

Вања докази Палчо судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.