Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатите на синот на Бајден: Обвинителите се откажаа од договорот за признавање вина

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Хантер Бајден
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатите на Хантер Бајден вчера во поднесок до судот напишаа дека обвинителите се откажале од договорот за признавање вина на синот на американскиот претседател за даночно затајување и престап со оружје, што го отвори патот за судење во време кога Џо Бајден ќе ја води претседателската кампања.

Федералните обвинители на Делавер во петокот изјавија дека на Хантер Бајден би можело да му се суди за казнени дела откако пропаднаа преговорите за признавање вина.

Окружната судијка Мерилен Нореика го отфрли предложениот договор за признавање вина во јули поради неговата сомнителна законитост и степенот на имунитетот што му се понуди на Хантер Бајден.

Според договорот, Хантер Бајден би се изјаснил за виновен за затајување данок на доход од 1,5 милиони долари меѓу 2017 и 2018 година и склучил посебен договор за одложен кривичен прогон за незаконско поседување огнено оружје додека бил под дејство на дрога, што е кривично дело.

Ако дојде до судење, случајот би можел да се совпадне со претседателската кампања на Бајден.

Случајот стана политички проблем бидејќи републиканците во Конгресот ја отворија можноста за импичмент на претседателот Бајден поради деловните зделки на неговиот син и го обвинуваат Министерството за правда дека му понудило повластен договор.

САД Хантер Бајден Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.