Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aдвокатите на Трамп до Сенатот: Отфрлете ја постапката за импичмент

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп денеска наведе дека тој не сторил „апсолутно ништо погрешно“ и го повика Сенатот да ја отфрли постапката за отповикување што ја нарекоа „лажна“ и „опасно извртување на Уставот“.
„Тоа е карикирање на Уставот“, напишаа адвокатите во објавениот дел од одбраната на американскиот претседател пред Сенатот, а која ја подготвуваат како одговор на обвинувањата на демократите.
Во документот се наведува дека два члена на законот за отповикување, за злоупотреба на овластувањата и опструкција на Конгресот, не претставуваат прекршувања за импичмент. Адвокатите тврдат дека истрагата, што е фокусирана на тоа дали Трамп ги злоупотребил претседателските овластувања и барал помош од странска влада – во случајот украинската, за да го ослабне можниот ривал на претседателските избори, Џо Бајден, и да ги зголеми своите шанси на претседателските избори годинава, никогаш немала за цел изнаоѓање на вистината.
„Место тоа, демократите од почетокот сакаа да пронајдат било каков начин да ја искористат моќта на импичментот како политичко орудие за поништување на резултатите од изборите во 2016 година и вплеткување во изборите во 2020 година. Сето тоа е опасно извртување на Уставот кое Сенатот треба брзо да го отфрли“, напиша правниот тим на Трамп.
Продолжение на судењето на Трамп во Сенатот е закажано за неделава. Демократите во обвинението напишаа дека целта на Трамп била негова лична корист и дека „потоа се обидел да ја прикрие својата завера, опструирајќи ја истрагата во Конгресот за неговото недолично однесување“. Адвокатскиот тим, меѓутоа, наведува дека Трамп дури и да ги злоупотребил своите овластувања, тоа не е повод за отповикување, бидејќи не е прекршен кривичниот закон. Тие наведуваат и дека обвинението „има структурни маани“, бидејќи го обвинуваат Трамп за повеќе дела, создавајќи „опции за избор“, како можни основи за осуда.
Како дел од одбраната, тие подготвиле и широка одбрана на претседателската моќ, тврдејќи дека и претходните две судења за отповикување на претседателот на САД биле слично неисправни.
адвокат импичмент САД. Доналд Трамп Сенат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.