Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на Јанева: Хумано е да и се дозволи на Јанева да оди на погребот на мајка и

0
By Нова ТВ on August 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатот на Катица Јанева кажа дека е изненаден од денешната одлука на Обвинителството за организиран криминал и корупција да ја прошири истрагата за „Рекет“ и со Јанева и да се бара притвор за неа.

„Вчера Јанева беше повикана во својство на сведок и се што бараше Обвинителството за организиран криминал за „Рекет“ таа одговори„ рече нејзиниот адвокат пред Кривичниот суд каде треба да започне распитот на Јанева по што ќе се знае дали ќе и биде определен притвор.

„Јанева е човекот кој гледаше либерално на притворот. Таа е единствената која  дозволуваше куќен притвор, враќање на патните исправи.Погледнете ги одлуките на Одделението за организиран криминал – тие нмеаа такво искуство, но ете тоа некој и го зема за зло. Таа е жртва во случајот и ќе го докажеме тоа“ рече Павлески.

Поради смртта на мајка и на Јанева која почина утринава, адвокатот Павлески кажа дека е „хумано да и се дозволи на Јанева да замине уште вечерва во Гевгелија“.

Мајка и на Јанева ќе биде погребана утре во Гевгелија.

Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата,  кажа дека „смртта на блзиок човек во смејетсвото, нема да влијае врз барањето за притвор“.

Во врска со коментарите дека имало судир на интереси што Јанева  ја брани истиот адвокат што го брани Панделевски во случајот Империја, Павлески кажа дека Панделевски не е главниот лик во Империја, туку тоа е Камчев.

„Моите млади колеги адвокати сакаат да бидат славни и создаваат анимозитет околу Катица Јанева – крвожедни до крај “ рече Павлески.

Катица Јанева е уапсена за злоупотреба на службена положба за случајот „Рекет“.

Јанева донесена во Кривичниот суд

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.