Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на обвинетиот за убиството тврди дека ножот бил на убиениот Ангел

0
By Нова ТВ on May 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 21, 2014 15:12

Во медиумите на албански јазик денеска се пренесува информација за начинот и причините за убиството на младиот Ангел. Информацијата ја објави весникот Коха, а е базирана на исказот на адвокатот на осомничениот за убиството. Оваа верзија предизвика бурни спротивставени реакции во јавноста. НОВА ви го пренесува интегрално текстот од весникот Коха:

Членовите на семејството на Насер Ешрефи како и адвокатот Рубин Двојаков, за весникот КОХА изјавиле дека оружјето со кое е убиен Ангел Петковски всушност е оружјето со кого е нападнат убиецот од покојниот матурант и неговиот татко.Од оваа причина тој самиот се пријавил во полиција – велат адвокатот и семејството.

Поинаква варијанта од службената верзија на МВР за убиството на младиот Ангел Петковски, има дадено одбраната на осомничениот, адвокатот Рубин Двојаков и семејството. Спред него, вистината за настанот не кореспондира со тоа што се вели во јавноста и дека е многу логична приказната на 19-годишниот Насер Ешрефи за тоа како се случил настанот.

-Според разговорите што ги имав со Насер,тој ме информираше дека тоа критично попладне тој бил нападнат од жртвата и неговиот татко. Аргумент за нападот се повредите што ги здобил Насер во главата и грбот – вели Адвокатот Рубин Двојаков.

Според него, ножот што е употребен за време на злосторството бил на Ангел Петковски.
Насер во самоодбрана успеал да му го одземе ножот и го удрил со него – вели адвокатот Двојаков, врз основа на првата верзија од приказната на Насер околу убиството на критичниот ден. Според исказите на адвокатот,Насер кој има проблеми со видот пред тоа бил физички малтретиран од напаѓачите со што се здобил со тешки телесни повреди кои се документирани. Исто така ,тој вели дека Насер сам се предал во полицијата.

И семејството на осомничениот ја раскажува истата верзија околу убиството во Ѓорче Петров. Дедото на осомничениот Илми Нуиши вели дека Насер го сторил убиството во самоодбрана.

-Насер му нанел убод со нож во самоодбрана и тоа со ножот на македонецот кој сакал да го удари со истиот нож – вели Илми Нуиши. Тој вели дека на семејството не им било дозволено да се сретнат со Насер, а единствениот контакт е со посредство на адвокатот ангажиран од семејството.

Адвокатот вели дека Насер му рекол дека двајца македонци со автомобил го следеле до Очната Болница. Го удриле со колата и тој паднал на земја.Од возилото излегол постариот од нив и го удрил со бејзбол палка – вели Илми.Тој понатаму раскажува дека додека таткото на жртвата го удирал со бејзбол палка,тој некако успеал да побегне и бил следен со нож од жртвата.

-Откако го фатил, го нападнал со нож и во текот на борбата Насер се здобил со расекотини по рацете. Адвокатот објаснува дека Насер освен повредите здобиени од ударите со безбол палка, имал и тешки повреди како што е расекотина на главата и расекотини по рацете. Кога адвокатот ги прашал полицајците во станицата зошто толку го тепале, тие одговориле дека со вакви повреди бил донесен во станицата – вели Илми.

Илми вели дека според зборовите на адвокатот,додека жртвата го удирала со нож по рацете, одеднаш му паднал ножот и тој успеал да го земе и бегајќи го удрил двапати.Потоа Насер побегнал и се сокрил во една куќа и тука останал додека не дошла полицијата.Кога дошле полицијаците тој самиот излегол од куќата и сам и се предал на полицијата. Дека Ангел бил мртов, Насер дознал од адвокатот-вели Илми.

Тој понатаму објаснува дека Насер на адвокатот не му спомнал дека кај куќата на македонецот влегол да краде велосипед.

Не верувам дека Насер сакал да краде велосипед бидејќи до денеска тој никогаш ништо не крадел и немал проблеми со полицијата. Кој ја спомна ова работа со велосипедот не знаеме. Насер е мирно дете – вели Илми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.