На избирачкото место 2686 во општина Аеродром со интервенција на полицијата е прекинато гласањето, откако гласач, кому му биле дадени четири избирачки ливчиња, уфрлил ливчиња само во три избирачки.
Било утврдено дека му недостасувало ливчето за советничка листа на Аеродром. По реакција на Избирачката комисија, полицијата го прекинала гласањето, под сомнение дека можеби се работи за обид за изборна измама позната како „бугарски воз“. Информацијата ја објави Цивил.
Според претседателката на ОИК не станува збор за т.н. „бугарски воз“, туку дека гласачот по грешка две ливчиња уфрлил во една кутија. Прекинот на гласањето траел половина час, а комисијата го иденификувала ливчето по различната боја.