Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Афера Телеком: “Ненормална ситуација бара ненормална дискреција”

0
By Нова ТВ on November 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 25, 2015 14:38

фото:Елек Штрауб, поранешен генерален директор на Маѓар Телеком

Поранешниот генерален директор на Маѓар Телеком, Елек Штрауб при сведочењето во САД ја префрла одговорноста кај владата и за причините зошто во Маѓар телеком не е зачувана потпишана копија од Протоколот за соработка. Тој вели дека проблемот бил кај владата, а премиерот Владо Бучковски и министерот за транспорт и врски Џемали Мехази не соработувале меѓу себе.

автор: Горан Ризаов

Дел од парите од сомнителните исплати во аферата Телеком биле всушност наменети за локални експерти и локални таленти во Македонија по барање на владата, тврди во своето сведочење поранешниот генерален директор на Маѓар Телеком. Тој е еден од тројцата поранешни директори обвинети за поткуп на македонски политичари во случајот пред Окружниот суд во Њујорк заедно со Андраш Балог и Тамаш Морваи.

Штрауб одговарал на прашањата на тужителот од американската Комисија за хартии од вредност на 31 јули и 1 август 2014 година, а НОВА дојде до трaнскриптoт од неговото сведочење. Поранешниот генерален директор на повеќе наврати вели дека не се сеќава што точно се случувало во 2005 и 2006 година кога се одвивала наводната коруптивна шема.

Сепак, покрај Протоколот за соработка, како клучен документ во истрагата, тужителот поставува повеќе прашања и за документ испратен по електронска пошта од Андраш Балог до Елек Штрауб. Оваа е-маил порака е испратена на 31 мај 2005 година, неколку дена по потпишувањето на контроверзниот Протокол.

Во една подточка од документот со поглавие „Прашање: Што да правиме со одделните исплати“ се вели: „Исплатата е возможна, но би можеле на пример да платиме 2 милиони евра, по еден милион на македонската и на албанската консултантска фирма преку Телемакедонија“.

Штрауб објаснува дека овие исплати биле дел од договорот за купопродажба на Македонски телеком со кој требало да се исплатат вкупно седум милиони евра за четири години. Но, тогашниот премиер Владо Бучковски преку владиниот претставник во Одборот на директори Дејан Мицковиќ побарал парите да се исплатат на два дела: пет милиони „за оригиналните цели“, а со останатите два милиони да се најмат „локално знаење, локални таленти, локални консултанти или експерти“.

„Тие бараа овие два милиони од вкупно седум да бидат платени, или да бидат потрошени за локални експерти“, вели Штрауб.

Иако наводно „долго време“ спореле околу ова прашање, на крајот Унгарците се согласиле „теоретски“ да ги исплатат парите, но сметале дека треба да се дадат пари на двата „ентитета во Македонија“.

„Идејата беше да потрошиме по еден милион, или по околу половината за Албанските национални експерти и за Словенските национални експерти. Ова беше еднаков третман, односно еднаква можност за различните националности“, вели Штрауб. Сите овие исплати ги вршела фирмата-ќерка на Македонски телеком – Телемакедонија.

Пари или торпедо

Во друга точка од документот пратен преку електронска пошта на 31 мај 2005 година се вели „Нико (Никос Ставридис н.з.) верува дека Албанците ќе му го достават документот веднаш, слично како и Македонците, откако ќе подмириме една третина од одделните плаќања“.

Штрауб во одговорот објаснува дека под „Албанците“ се мисли на тогашниот министер за транспорт и врски, Џемали Мехази.

„Сите исплати на кои овде се мисли се некако насочени да го задоволат министерството или делот од економијата за која беше задолжен министерот. Всушност, сето ова е исплата во таа насока“, вели Штрауб.

Прашан дали во министерството очекувале да им бидат платени 10 милиони евра бидејќи во документото стои дека „Оригиналниот договор беше за 10 милиони евра во три исплати“, поранешниот директор на Маѓар телеком одговара дека очекувањата биле многу високи.

„Не знам дали достигнуваше 10 милиони, но очекувањата беа високи, и се разбира се преговараше да се намалат додека не стигнавме до протоколот“, додава тој.

Но, тоа не е она што го пишува во документот, потенцира тужителот, туку како што напишал Балог, имало договор да се платат 10 милиони евра кои Албанците очекувале да ги добијат. А, ако не ги добијат, „ќе го торпедираат протоколот“.

На ваквото дополнително прашање Штрауб нема директен одговор, туку по забелешката од неговите адвокати, објаснува дека протоколот предвидувал едната страна да не презема чекори без да се увери дека и другата го прави истото. „Ниту една страна не треба да прифати поединечно преземање чекори без другата страна да го реализира ветеното или она што е наведено во протоколот, а ова се однесува на истото“, вели тој.

Зошто зделката е скриена од јавноста?

Штрауб ја префрла одговорноста кај владата и за причините зошто во Маѓар телеком не е зачувана потпишана копија од Протоколот за соработка. Тој вели дека проблемот бил кај владата, а премиерот Владо Бучковски и министерот за транспорт и врски Џемали Мехази не соработувале меѓу себе и не сакале „да се објави во јавноста дека едниот или другиот потпишале ваков документ“.

Особено било битно да не дознаат медиумите бидејќи „локалниот печат, опозицијата и двата контрадикторни елементи во коалицијата на власт ја користеа секоја можност за напад преку медиумите или за објавување соопштенија еден против друг“.

Ако јавноста дознаела за Протоколот, ќе било многу тешко да се објасни дека Македонски телеком, всушност, не добивал никакви бенефиции со тој договор, туку делумно ги надокнадувае неповолностите. Како на пример, Законот за електронски комуникации, кој според Штрауб, бил во спротивност со купо-продажниот договор за приватизација на Телекомот.

„Тоа беше јасна неповолност, дека го прекршуваат договорот за приватизација. Тие ги прекршија ветувањата во однос на тоа дека регулативата ќе биде во согласност со Европската Унија. Имаше многу работи кои беа неповолни за нас“, вели Штрауб.

Тој на Законот за електронски комуникации гледал како неуспешен дел од напорите на Македонија да се приближи кон Европската Унија бидејќи владата не успеала да ги имплементира директивите од ЕУ.

Кога тужителот го прашува обвинетиот дали во владата имало поинакви мислења, односно дека објавувањето на Протоколот за соработка ќе значи закана за напорите за влез во ЕУ, тој одговара оти таквите мислења не биле многу значајни. „Не знам, но всушност, ние многу подобро знаевме што очекува ЕУ од земја како Македонија, која беше на самиот почеток на процесот. Сега гледаме дека по десет години тие се сè уште далеку од можноста за приклучување кон ЕУ или можеби уште подалеку од тогаш. Мислам, одат наназад“, вели Штрауб.

Навраќајќи се на прашањето зошто во Маѓар телеком не е архивиран договор потпишан од генералниот директор и премиер на една држава, тој посочува дека во нормални услови тоа би било така, но „ненормалната ситуација бара ненормална дискреција“.

Сокривањето на договорот во Атина кај нивниот партнер во Македонски телеком, Димитрис Кондоминас, Елек Штрауб го оправдува со вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година.

„Тензиите во земјата беа неспоредливи со нормални услови. Три години претходно луѓето беа на улица борејќи се еден со друг со оружје. Нашата технологија таму беше под закана и беше оштетена. Двата партнера во власта се бореа еден против друг“, вели Штрауб.

Сепак, тоа не било проблем бидејќи ако имало потреба можеле во секое време да обезбедат копија од господин Кондоминас.

Инаку според исказот на Слободан Богоевски даден при сведочењето во Атина во сефот на Кондоминас се наоѓале и потписите на они кои го примиле кешот во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.