Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аферата „Актор“ една година во ќор-сокак

0
By Нова ТВ on March 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2015 16:02

Деновиве се навршува точно една година откако опозицијата ги објави сомнежите дека 3,5 милиони евра од парите за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица биле извадени во кеш од ангажираната градежна компанија „Актор“ и завршиле во нечии приватни џебови.

За најнови детали околу случајот „Актор“ се обративме до Управата за финансиско разузнавање, меѓутоа директорот на оваа институција Владимир Атанасовски и понатаму е недостапен, а од неговиот кабинет само нѐ препратија во Јавното обвинителство. Таму се интересиравме дали по една година Обвинителството отворило истрага за овој случај, меѓутоа денеска не добивме одговор.

Неофицијално, обвинителите сѐ уште прибирале податоци за финансиското работење на фирмата.

„Актор“ беше избрана на тендер да ја гради делницата од Демир Капија до гевгелиското село Смоквица долга 28,2 километри. На трасата ќе се изградат шест моста, меѓу кои и најдолгиот во Македонија, два километарски тунела и сето тоа за нешто повеќе од 270 милиони евра.

СДСМ тврдеше дека во период од околу една година (од 2013 до 2014), секој месец меѓу први и десети со автобус во Македонија влегувале грчки државјани и се упатувале во Неготино во тамошната филијала на Стопанска Банка. Оттаму ваделе пари кои им ги префрлала „Актор“ по основ на хонорар, а сомнежот на опозицската партија беше дека никој од нив не бил ангажиран да работи на автопатот.

Наводно Грците веднаш штом ги ваделе денарите ги менувале во евра во истата банка и таму ѝ ги предавале на сметководителката на „Актор“, Атина Зиога. Потоа заминувале од Македонија без кешот. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов тврдеше дека дури 96 лица учествувале во ланецот и дека некои од нив повеќе пати ја повториле целата процедура за да на крајот извадат 3,5 милиони евра.

Факт е дека службениците во Стопанска банка од Неготино пријавиле во Управата за финансиско разузнавање оти преку нивната банка поминуваат сериозно високи трансакции во кеш, а тоа впрочем им е и законска обврска. Управата, која е задолжена да спречува перење пари, отворила предмет за овој случај на 11 ноември 2013, меѓутоа од списоците коишто јавно ги подели СДСМ се забележува дека тоа не ги спречило Грците и понатаму да вадат кеш од „Актор“.

Откако Управата отворила предмет трансакциите продолжиле, па така во наредниот период биле извадени 1,2 милиони евра од оние вкупно 3,5 милиони.

Автобуските прошетки од Грција до Неготино добиваат поинаква тежина ако се земат в предвид и останатите сомнежи поврзани со целиот проект.

Прво дискутабилна беше цената за изградба на автопатот која изнесуваше околу 9 милиони евра по километар, а Шилегов неколку пати повтори дека италијанска фирма имала дури за 40 милиони евра пониска понуда за автопатот но сепак не победила на тендерот. Тој ја проблематизираше и точноста на понуда на „Актор“. Проектот „Демир – Капија – Смоквица“ чини вкупно 271 милион евра од кои 13 се наменети за фирма која ќе врши надзор над работата. Тогаш за самата реализација на автопатот остануваат 258 милиони, а понудата на „Актор“ изнесувала 257.

По објавувањето на аферата јавниот обвинител Марко Зврлевски изјави дека во овој случај степенот на сомнеж е на најниско ниво и затоа не треба да се стопира изградбата на автопатот за евентуално да не се зголеми штетата.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која учествува како кредитор во проектот, тогаш немаше коментар за скандалот, а до ден денеска не се јави ниту посочената сметководителка од „Актор“, Атина Зиога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.