Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аферата со канцерогеното млеко го тресе целиот регион

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Хрватска од утре започнува да го зема млекото од 400 фарми и секој ден ќе уништува по 70.000 литри млеко во биоплински печки.

Во исто време ќе започне обештетувањето на млекарите кои штрајкуваа изминатите денови.

Во Србија најновите резултати се уште покатастрофални од претходните, анализите покажале дури седум пати поголемо ниво на афлатоксин во млекото од дозволенто.

-Млекото не е исправно и ќе биде лицемерно јас, кој не им давам да го пијат на моите деца, тоа да го премолчам. Со ставање на вистината под тепих целата работа ќе се искомплицира и целата индустрија ќе доживее крах изјави Горан Јешиќ потпретседателот на владата на Војводина и секретар за земјоделство.

Поради зголеменото присуство на афлтоксин М1, управата за ветеринарство на Србија им нареди на млекопроизводитетите да ја фрлат целат мувлосана храна за добитокот, а наместо тоа да им се даде исправна пченка и минералот зеолит кој се користи за детоксикација на организмот.

Министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ изјави дека не е виновен за зголеменото ниво на афлатоксин во млекото и најави дека одвај чека да биде повикан во полицијата за да каже се што знае.

Кнежевиќ му забележа на покраинскиот секретар Горан Јешиќ кој прв на твитер објави дека млекото е канцерогено дека такви работи не се соопштуваат на социјалните мрежи.

-Се надевам дека и покраинскиот секретар Горан Јешиќ ќе дојде да каже зошто прво изјави дека му бил понуден поткуп за да не ги објави резултатите од анализите, за после 20 минути да каже дека тоа го рекол во афект изјави Кнежевиќ.

Од македонската Агенцијата за храна и ветеринарство за утре најавија дека ќе бидат готови резулатите од анализите од преостанатото домашно млеко од 15 млекопроизводители, како и примероци на увозно млеко.

Сите брендови на млеко кои што во моментот се испутуваат се наоѓаат на рафтовите во продавниците, освен неколку пратки увозно млеко кај кое е најдено зголемено ниво на афлтоксин. Според надлежните канцерогените млека се наоѓаат во магацините и не стигнале до потрошувачите.

Испитувањата се вршат во лабораторијата на Ветеринарниот факултет каде што според Агенцијата методите за испитување се акредитирани.

Од организацијата на потрошувачи на Србија кои направија независни анализи, по што се утврди дека над 50 видови на млеко се канцерогени, тврдат дека никаде на просторот на поранешна СФРЈ не постои акредитирана лабораторија која со сигурност ќе ги потврди резулатите.

Погледнете што за ова изјави Горан Паповиќ првиот човек на оваа Организација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.