Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агелер: И други ќе се најдат на американската црна листа

0
By Соња Крамарска on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека црната листа на САД ќе се проширува и дека покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, но не може да прецизира кога ќе биде донесена.

„Овој процес на назначување трае подолго и е процес кој внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и се што е утврдено. Има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и на разгледување и откако ќе се утврдат сите факти ќе се донесе одлука. Не можам точно да кажам за временските рокови кога би се реализирале сите овие процеси, но сметам дека ќе има и други на листата, но не би можела да кажам точно кога“, изјави Агелер при денешната посета на Штип.

Во Соединетите Американски Држави, додаде, имаме многу сериозен пристап кон борбата со корупцијата.

„Секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција сметаме дека народот на Северна Македонија има право да знае и да има избрани претставници во кои ќе може да веруваат и да бидат стабилни. Тука завршува ангажманот на САД и ние не можеме да кажеме што понатаму би требало да направат Владата и судството на Северна Македонија и какви мерки да преземат“, прецизира Агелер.

Нагласи дека ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД е согласно законите на САД кога постои цврст доказ за корупција. Тогаш, како што кажа, се презема мерка од страна на државниот секретар за санкционирање на таквото лице со што, додаде, на ова лице и на неговото семејство им е оневозможен влез во САД,

„Ќе продолжиме да соработуваме со тие што имаат добра волја за докрај да се реализираат процесите. Ова е сериозно прашање за нас, но тука имаме и прекрасни партнерства со претставници од Владата и други претставници од земјата со кои имаме навистина одлични односи и ќе продолжиме со нашите заложби за да обезбедуваме секаков вид на помош за и понатаму да продолжи нашето партнерство и соработка“, нагласи Агелер.

С.К.

Анџела Агелер САД црна листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.