Published: Wednesday, March 2, 2016 15:11
Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека се што од нив е побарано од Специјалното јавно обвинителство е одговорено согласно со позитивните законски прописи.
Во соопштението во врска со тврдењето на Специјалното јавно обвинителство дека Агенцијата не сака да соработува, уште се наведува дека податоците на Катастарот се јавно достапни 24 часа онлајн, преку веб-страницата www.katastar.gov.mk и преку електронскиот шалтер на Агенцијата.
– Покрај ова, секој заинтересиран граѓанин или институција во секое време може да направи увид и да побара препис од сите документи со кои располага Катастарот, се истакнува во соопштението.




