На соопштението за јавност на СДСМ со наслов „УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радиодифузна“, реагираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро.

Агенцијата ги демантира наводите изнесени во денешното соопштение за јавност на СДСМ, во кое се наведува дека според последните податоци на листата на должници на Управата за јавни приходи, Советот за радиодифузија должи близу 800.000 евра.

„Во насока на правилно информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поранешен Совет за радиодифузија ја известува јавноста дека Агенцијата не само што нема долгови туку редовно ги подмирува своите финансиски обврски. Имајќи ја предвид важноста и улогата на регулаторното тело за медиуми, апелираме Агенцијата да не биде вовлекувана во дневно-политички збиднувања“, се нагласува во реакцијата.

Партиските наводни обвинувања и реакцијата на Агенција за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги следуваат откако денеска Управата за јавни приходи соопшти дека од средината на месецов ќе започна со присилна исплата на радиодифузна такса.

* УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса

* СДСМ: УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓани за радиодифузна такса