Денеска почнува судскиот процес за случајот „Агент“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенечки државјанин, објавува 24 Вести.
Тие се осомничените за малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар Борис Трајковски.
Според МВР, сите се обвинети за перење на над милион евра, словенечки пари кои биле земени наводно за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Договорот бил веќе раскинат, а на земјиштето Словенците биле заинтересирани да го изградат комплексот „Меркатор”.
Поранешниот прв контратразузнавач Богоевски во случајот се јавува како приватно лице, консултант за наводно посредништво за раскинување на договорот со кипарската фирма.
Во меѓувреме, додека беше во притвор Богоевски беше прогласен за соработник на тајните служби.




