Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенцијата за храна нареди итно повлекување на виршли Wudy поради присуство на бактерија

0
By Соња Крамарска on September 22, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врз основа на добиена пријава за пласиран небезбеден производ на пазарот во Македонија, – виршли од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на повеќе серии од овој производ, чиј рок на употреба е до крајот на ноември.

Агенцијата извести и дека кај компанијата увозник е извршен вонреден инспекциски надзор и е утврдено дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3 030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот.

За небезбедниот производ преку ЕУ системот известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Lysteria monocitogenes ST 155 ја креирала пријавата која била поткрепена и со лабораториска анализа.

Агенцијата ги повикува потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот истите да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Агенција за храна и ветеринарство небезбедни виршли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.