Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенцијата за слободен пристап до информации постапувала по над 1.300 жалби

0
By Нова ТВ on September 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 28, 2020 11:44

За неполна година од работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која е правен наследник на некогашната Комисија со иста надлежност, го зголеми бројот на институции иматели на информации за 146 и денес вкупно нивната бројка изнесува 1.403 на број. Клучна активност се и постојаните обуки и консултации со лицата одговорни за доставување на информации од јавен карактер, а со тоа и  на зголемување на транспарентноста на јавните институции.

Ова го истакна директорката на Агенцијата Пламенка Бојчева на денешната прес-конференцијата на која зборуваше за резултатите од нивното работење. Заради ситуацијата со пандемијата овие обуки на надлежните лица иматели на информации ги започанале со задоцнување, но во иднина ќе се одвиваат во континуитет со физичко пристуство или онлајн.

– Новитет од големо значење во работата на Агенцијата е прекршочната комисија, Воведена е можност за изготвување на санkции кон оние иматели на информации кои не постапиле по дадениот пристап до инфоамации или по решение на Агенцијата. Со тоа конечно имаме алатка преку која како Агенција можеме да влијеме за поголема транспарентност и да ја оправдаме довербата на барателите. Во првите два месаца од оваа 2020 година Агенцијата постапи по повеќе од 750 заостанати предмети од перидот на Комисијата, а воедно тековно остапуваме до новопристигнатите жалби кои се повеќе од 600 во изминатиот период досега, информираше Бојчева.

Преку проект финансиран од ИПА 2 Агенцијата работи на зајакнување на своите институционални капацитети  преку промоворање и зајакнување на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Северна Македонија, а тоа треба да се постигне со реорганизација и продуцирање на интерни документи, имплементација на модернизирани ИТ алатки и обезбедување подобрени услуги за барателите на информации.

Покрај подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до инфоамците од јавен карактер, зголемување на одговорноста и транспарентноста на државните органи како и зајакнување на капацитетлтелите на имателите на инфоамците со цел да ги почитуваат законските прописи и евроспките стандарди со реализација на проектот креирана е веб страица на Агенцијата, како и е-порталот за баратели slobodenpristap.mk . На овој портал се наоѓа листата на иматели на информации, до која барателите ќе можат директно да пристапат  до иматели на информации. Во подготовка е и изработка на е-портал за имателите кој има за цел доследна примена на Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер.

Во финална фаза се, додаде Бојчева и на изработка на новиот веб сајт на кој сите заинетресирани страни ќе можат да ги добијат потребните информации, насоки и контакти. Таа истакна дека Агенцијата има потреба и од зголемување на својот тим.

По повод одбележување на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер, денеска беа промовирани и два видео-спота изработени со финансиска поддршка на НДИ и соработка со невладината „Види вака“, едниот за потенцијалните баратели на информации, а второт за службените лица – иматели на информации.

– Транспарентноста и отчетноста на институциите и правото на граѓаните за пристап до информации од јавен карактер се основа на демократските процеси во општетството и се една од основните европски вредности – вредности и права за кои се залага и нашето општетство. Агенцијата за заштита на правото на слободен простап до правото на информации од јавен карактер има клучна улога во заштитата и остварувањето на уставно загарантираното право за слободен пристап до иннформациите од јавен карактер. Би сакала да ги повикам граѓаните, граѓанските организации и медиумите да го користат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Агенцијата е тука да ги поддржи овие процеси и да придонеси во напорите за отворено и отчетно општество и информирани граѓани, порача  Бојчева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.