Едно лице го преживеале падот на Боинг 787 Дримлајнер, кој се урна кратко по полетувањето во индиската држава Гуџарат порано денеска.
Според индиските медиуми, преживеаниот е 38-годишен маж кој седел на седиштето број 11а.
Идентификуван како Рамеш Вишваскумур од Индија. Според неофицијални извештаи, тој рекол дека скокнал од авионот откако ја отворил вратата за итни случаи.Авионот на летот број 171 со 242 патници и членови на екипажот летал за Гетвик (Лондон), кога се урна под нејасни околности.
Авионот се урна во болница во Ахмедабад, по што избувнал пожар.
На социјалните мрежи се појави и видео од преживеаниот.
Ве потсетуваме дека претходно денес, полициските службеници утврдија дека има мали шанси да има преживеани во авионската несреќа.