Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска побара од претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ активно да се вклучи и да помогне во надминување на спорот со Грција во врска со нашето уставно име. Во писмото Ахмети побара проблемот што ги кочи европерспективите на земјава да биде вратен на високо ниво на меѓународната агенда, да се поттикнат Македонија и Грција да почнат дијалог на високо ниво што е можно побрзо, со што на крајот ќе се постигне конечен компромис за прашањето за името меѓу двете држави.
„Убеден сум дека и вие сметате дека на 100 годишнината од Балканските војни дојдено е време за помирување меѓу нациитеод западен Балкан и интегрирање во ЕУ и НАТО. македонија и Грција мора да дојдат до договор и да го следат примерот на Србија и Косово“, напиша Ахмети.




