Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс на која разговараа за неодамнешната извршна одлука на американскиот претседател Бајден, владеењето на правото, борбата против корупцијата, зелената агенда, евроинтеграциите и спорот со Бугарија.
Ахмети истакна дека Демократската Унија за Интеграција целосно ги поддржува одлуките на претседателот Бајден, кои вклучуваат отворена борба против корупцијата, владеењето на правото и кредибилни демократски институции.
Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ. Ахмети го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети.
Во врска со спорот со Бугарија, Ахмети ја истакна потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија, како и неопходноста од одржувањето на реформскиот курс од страна на владата.
Соговорниците разговараа и за 20-годишнината од Охридскиот Рамковен Договор како успешно заедничко достигнување.