Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Да ја оствариме целта, Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on December 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2013 18:56

„Не сакаме акробатски игри, не сакаме театар, туку нудиме стандарди во полза на Македонија и на сите граѓани“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети на новогодишниот прием на партијата. Го повтори ставот на ДУИ за консензуален кандидат за претседател.

– Во полза на сите граѓани- консензуален кандидат кој ќе ги претставува со достоинство сите граѓани на Република Македонија без разлика на која етничка заедница и припаѓаат, изјави лидерот на ДУИ.

Првиот човек во ДУИ рече дека партијата во 2014 година ќе продолжи да се залага за интеграција на земјата во Европската унија и во НАТО.

Ги наброја посетите и средбите со странските лидери во изминатата година притоа истакнувајќи дека ДУИ не направила ништо спротивно на програмата на партијата, ниту пак направила конспиративни политики на штета државата.

„Во минатата година имавме средби во Виена, Вапингтон, Берлин, Осло, Брисел и многу други центри. Нашите барања се легитимни. Побаравме помош да се забрза патот на земјата кон НАТО и он Европската унија. Да ја оствариме целта, Македонија да го добие заслуженото место во клубот на западните земји“, истакна Ахмети.

За 5 јуни го најави конгресот на партијата, кога ќе треба да биде усвоена идната програма на ДУИ за наредните четири години.

Ахмети рече дека партијата на локалните избори доби потврда за својата политика, освојувајќи најголем број градоначалнички места во градовите на потегот од Куманово до Струга. За оваа победа се заблагодари на печалбарите кои дојдоа и гласаа на изборите, а нивниот глас беше пресуден и за победата во Кичево.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.