Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети денес се среќава со бунтовниците од „огнената група“

0
By Соња Крамарска on October 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес во партиската централа во Тетово лидерот на ДУИ ќе се сретне со претставници на таканаречената  „огнена група“ – Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети. Нивното незадоволсто тие го изразија во неколку наврати а е насочено кон вицепремиерот Артан Груби за кого бараат Ахмети да го смени и да не биде повеќе втор човек во Владата.

Се очекува групата незадоволни да ги стават на маса нивните барања кои ги нарекуваат реформа на партијата. Формално, тие бараат да се дооформат партиските тела – централното претседателство и нaјтесното партиско раководство. Претходно тие преку писмо побараа одлуките во партијата да се носат во партиските органи, а не од страна на двоецот Ахмети – Груби. Незадоволни од работата на министрите „огнените“ бараат смена на првиот вицепремиер и на други министри, како и отчет за досега сработеното во Владата.

Ахмети минатата недела се обиде да го амортизира незадоволството преку средби со ограноците на Чаир и на Сарај, но наместо примирје Џафери му порача на Ахмети ако Груби не замине од Владата дека ќе ескалира политичката војна во ДУИ.

„ Очекувавме дека партискиот живот ќе се канализира преку оформување на партиските органи, а не Груби да ги узурпира сите функции и одлуки. Ахмети ќе треба да реши дали и натаму партијата ќе функционира во хаос или конечно битните политички одлуки и прашања ќе ги носат партиските тела. Остануваме на ставот дека министрите за сработеното треба да реферираат во партијата, неуспешните да се повлечат и да се формираат партиските тела“, рече Муса Џафери во неодамнешната изјава за „Слободен печат.

Многумина на оваа внатрепартиска војна гледаат како борба за власт, а со оглед дека меѓу бунтовниците е Муса Џафери кој речиси една деценија беше во врвот на ДУИ и во извршната власт, нивната реакција повеќе се гледа во насока за битка за враќање на изгубените позиции отколку реформа во партијата.

„огнена група“ Али Ахмети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.