Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети денеска попладне е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Космос“. Од СЈО велат дека во тек е сослушувањето и на останати сведоци поврзани со овој случај.
Покана за Ахмети ја потврдија и од ДУИ, кои велат дека Ахмети ќе ја исполни граѓанската должност и ќе се појави во својство на сведок.
„Претседателот Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција се силни поддржувачи на законската, транспарентна и непристрасна работа без етнички, верски, партиски или политички предрасуди на Специјалното Обвинителство.
Минатата недела, Претседателот Ахмети прими покана во својство на сведок од страна на Специјалното Обвинителствои секско дека ќе ја испилни својата граѓанска должност во поддршка кон независните институции.“ велат од ДУИ.
Разрушениот објект „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски на двапати беше споменат во аудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер Зоран Заев , односно во 5. и 13. „бомба“.
Во еден од разговорите се слуша како премиерот Груевски нарачува на местото да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во „фул-сезона“ на годишни одмори. Подоцна и премиерот и екс министерот Јанакиески ги демантираа ваквите тврдење, образложувајќи дека за случајот „Космос“ запазена е градежната процедура.
Образложението на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски пак, беше дека објектот се градел спротивно на законите односно дека отстапил од предвидениот проект за околу метар и половина.
>„Космос“ по 5 години: рушевини до темел, илјадници тони отпад и милионска штeта




