Демократската унија за интеграција на германската канцеларка Ангела Меркел и ја честита победата на нејзината партија ЦДУ на вчерашните парламентарни избори во Германија.
– Убедливата победа е уште една потврда за вашите правични домашни, но и меѓународни политики и затоа, убеден сум дека вашата земја ќе ја продолжи поддршката на процесот на проширување на Европската унија, како и аспирациите на земјите на Балканот да станат дел од Евроатлантскато семејство, се вели во честитката на Али Ахмети до Меркел.
Германија, се додава во честитката, имаше многу значајна улога во постигнувањето на мирот во немирниот регион на Западен Балкан како и во поставувањето на демократските вредности.
– Се надевам, вели Ахмети, дека оваа огромна германска инвестиција ќе продолжи со вашите нагласени напори за да се интегрира целиот регион во НАТО и ЕУ преку меѓусебното помирување и решавање на отворените меѓусоседски прашања по примерот на Приштина и Белград.




