Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги повика Американските власти да се вклучат директно во помагањето на напорите за решавање на прашањето за името.
-Сега е време за решение и страните да седнат на маса со помош на меѓународната заедница, САД, Европската Унија и НАТО нагласил Ахмети на средбата со американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс во амбасадата на САД.
Ахмети и амбасадорот Волерс разговарале за актуелната политичка ситуација во земјата, евро-атлантска перспектива на Македонија, претседателските избори и реформите на изборниот законик.
Волерс ја потврдил поддршката на САД за процесот на интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури и ги охрабрил напорите за интензивирање за да постигне оваа цел.
Во врска со претседателските избори, Ахмети го повторил ставот за поддршка на консензуален кандидат за Претседател кој ќе биде прифатлив за сите граѓани.




