Published: Tuesday, October 1, 2013 12:51
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, утре во Брисел ќе одржат состанок зад затворени врати со дипломатите на земјите-членки на Европската унија.
Ахмети ќе ги убедува европските дипломати дека Македонија заслужува датум за почеток на преговорите. Тема на средбата се очекува да биде и спорот со името. Настанот е во рамки на т.н. Ковеб-група на Советот на Унијата. Средбата е по т.н. „четам хаус” правило според кое ништо од средбата не смее да излезе во јавност.




