Published: Sunday, December 22, 2013 10:20
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека не секогаш во коалицијата тече мед и млеко, има дебати, несогласувања, разлики, но тие не се во таа големина за да се стисне копчето за да се бомбардира со ракети „Патриот“, значи бомбардирања во коалицијата нема да има.




