Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со известувачот за Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Ричард Ховит пред новинарите истакна дека главна тема на разговорите беа напорите за да постигнеме едно решение за да чекориме кон обединета Европа и да постигнеме што побрзо имплементирање на стандардите за почеток на преговори за членство во ЕУ.
„Основната тема беше решавање на прашањето со името како еден од главните проблеми кои се појавуваат како пречка за добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ и членство во НАТО. Ќе се обидеме како локални фактори во комуникација со Брисел и со Вашингтон да направиме напори за да се постигне прогрес со цел да ги затвориме значајните теми“, рече Ахмети.
На новинарско прашање за најавата на ДУИ за бојкотот на претседателските избори, Ахмети со одговор:
„Ние претставивме една идеја, идејата е се уште на маса и ние нема да се отстапиме од тоа и очекуваме страните да рефлектираат врз овој предлог за консензуaлен претседателски кандидат“.




