Лидерот на ДУИ Али Ахмети утре има средба со со грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Венизелос. Пред средбата Ахмети за “Вест” изјави дека целта на неговата дипломатска активност е да се избегне изолација и да се обезбеди интеграција.
Сметам дека Македонија се наоѓа пред историски избор од два правци: интеграција или изолација. Изолацијата носи голема ранливост и неизвесна иднина за сите нас додека интеграцијата носи безбедна иднина и ни обезбедува напредок. Јас и моите сопартијци ја одбравме интеграцијата и затоа вчера бев во Вашингтон, а денес се наоѓам во Атина и решен сум да одам секаде каде што е потребно за да се постигне оваа највисока цел и притоа ние само ја вршиме нашата работа затоа што тоа претставува наша обврска“, изјави за „Вест“ претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред неговата средба со грчкиот министер за надворешни работи.




